Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски одби продолжување на договорот со германскиот бундеслигаш Лудвигсхафен и следи враќање на домашната сцена, каде ќе го носи дресот на Вардар.
Лиса Хеслер, управниот директорот на Лудвигсхафен, истакна дека Томовски е голман кој има голем потенцијал уште да напредува, а доколку го одбрал Вардар, тоа навистина радува затоа што се работи за врвен клуб.
„Мартин пристигна во нашиот клуб премногу млад, но тој уште е млад и има потенцијал да напредува уште повеќе. Доколку ја прифати понудата на интернационално успешниот и врвен клуб од неговата земја, тогаш тоа сосема го разбираме и ги почитуваме неговите амбиции“, изјави Хеслер.