понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Гичева започнува тренерска кариера

Гичева започнува тренерска кариера

Поранешната репрезентативка на Македонија, Меги Гичева, не планира крај на играчката кариера и во претстојната сезона ќе го носи дресот на Деспина.

Искусната ракометарка, која последните интернационални ангажмани ги имаше главно на Косово, најверојатно ќе биде и тренер на клубот од Прилеп.

Гичева ќе биде задолжена за работа со помладите категориии и ќе се обиде стекнатото искуство да им го пренесе на најмладите прилепчанки.