петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Гичевска: Ова е големо искуство за нас, ќе биде подобро со Холандија

Гичевска: Ова е големо искуство за нас, ќе биде подобро со Холандија

Македонската сениорска репрезентација не успеа да направи изненадување и загуби од Франција во првиот натпревар на Европското првенство.

-На почетокот бевме во грч, ова е прво големо натпреварување за нас и тоа се почувствува во играта. По тие 10-15 минути беше подобро, ама е искуство за нас, ќе биде подобро, -истакна Леонида Гичевска која посочи што е потребно да се корегира за наредната средба со Холандија.

-Ако корегираме некои работи во нападот, да биде потечна играта, да се движи топката можеме до подобар резултат. Франција има најквалитетна одбрана во Европа и добро не имаа анализирано. Ако подобриме некое работи во реализацијата и нападот ќе биде подобро, -порача Гичевска.

foto:gol.mk