петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Гичевска: Со добар пристап верувам дека можеме да се пласираме во главната фаза

Гичевска: Со добар пристап верувам дека можеме да се пласираме во главната фаза

Еден од лидерите во репрезентацијата, Леонида Гичевска верува во девојките дека може да се пласираат во главната фаза.

„Како што се приближува мечот расте возбудата кај нас и мала доза на нервоза. Сепак, кога ќе почнат тие натпревари се ќе излезе од нас. Мислам дека сме подготвени и тактички и физички. Ние што играме во странство сметам дека сме физички подготвени, но и девојките кои се во нашиот шампионат многу работеа и затоа мислам дека подготвени го пречекуваме шампионатот. На сите натпревари во ЕХФ шампионатот покажавме многу подобра слика од претходно. Бевме во егал со силни репрезентации и мислам дека сите натпревари паѓавме во финишот, веројатно најмногу поради ростерот. Сега мислам дека имаме поголем фонд на играчи бидејќи тоа е многу важно во еден ваков турнирски систем. Мислам дека можеме да ја искористиме оваа шанса и да поминеме во главната фаза“, изјави Гичевска.

Македонија шампионатот го почнува денеска од 18 часот со мечот против актуелниот олимписки шампион Франција. Два дена подоцна играме со Холандија, додека првата групна фаза ја завршуваме со мечот против Романија на 9. ноември.