четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Голем подвиг: РК АЛКАЛОИД е вицепрвак на Македонија!

Голем подвиг: РК АЛКАЛОИД е вицепрвак на Македонија!

РК Алкалоид направи голем подвиг и во својата прва сезона во Суперлигата го освои второто место во првенството со што обезбеди и учество во Европската лига и тоа директно во групната фаза од натпреварувањето.

РК Алкалоид во последното коло гостуваше кај екипата на РК Вардар во „Јане Сандански“, одигра борбен, квалитетен натпревар во кој ја покажа својот потенцијал и успеа да победи, со резултат 25-21 и со тоа да го мине РК Вардар 1961 на табелата.

-Израмнето беше на почетокот на оваа средба. Домашниот тим само во воведните минути диктираше резултат, но нашиот тим успеа да израмни, а по 15 минути игра имаше и водство од два гола разлика (7-5). Транзицијата на РК Алкалоид беше одлична, го одбранивме водството и во следните минути ја зголемивме разликата на три гола разлика (10-7), во 20 минута од средбата. Во финишот на полувремето, за прв пат поведовме и со четири гола разлика (12-8), но пропуштивме две изгледни ситуации за гол пед крајот на полувремето, па на пауза се замина со резултат 12-10 за РК Алкалоид, велат од клубот.

И во воведните минути од вториот дел, РК Алкалоид го контролираше резултатот и имаше водство од два до три гола разлика.

-Во 47 минута од мечот беше нерешено 18-18, но благодарение во прв ред на нашиот голман Благојче Трајковски, веднаш потоа одново водеше РК Алкалоид (20-18). Мечот доби интензитет, борба се водеше во секој дуел, а Алкалоид поведе со 23-19 во 57 минута од мечот. Обидите на противникот да направи пресврт беа запрени од нашата одбрана. Во нападот имавме решенија и стигнавме до предност која беше недостижна, велат од РК Алкалоид.