четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Големиот Лук Абало кариерата ќе ја продолжи во Јапонија

Големиот Лук Абало кариерата ќе ја продолжи во Јапонија

Легендарниот француски ракометар, Лук Абало кариерата ќе ја продолжи во шампионатот на Јапонија, во тимот на Зекстар.

Абало минатата сезона беше дел од норвешкиот тим Елверум со кого настапуваше во Лигата на шампионите.

37-годишникот кариерата ја почна во Иври, а најдобрите партии ги имаше во Сјудад Реал (Атлетико Мадрид) и Пари Сен Жермен.

Со репрезентацијата на Франција двапати стигаше до златниот медал на Олимписките игри во Пекинг 2008 и Лондон 2012, а по трипати ги освојуваше Европското и Светско првенство.