Македонската женска ракометна репрезентација вчера беше поразена од Украина со 24-22 во првиот бараж меч за пласман на СП за ракометарки.
Причината за поразот беше лошата игра во првото полувреме по која не успеавме во целост да се вратиме.По првите 30 минути имавме негатива од шест голови разлика (8:14), а во вториот дел дојдовме и до изедначување, но сепак на крајот си замина со победа од Скопје. Една од најискусните во нашите редови, Елена Ѓоргиевска не е задоволна од резултатот бидејќи смета дека сме поквалитетна селекција од Украина
„Искрено не сум задоволна, затоа што се подготвувавме да бидеме дисциплинирани, затоа што изгубивме од еден ривал кој не е поквалитетен од нас. Можеби еуфорија, преголема желба, придонеса да направивме многу грешки во првото полувреме. Се надевам ќе го поправиме до следниот меч, односно да не се изгубиме како во првиот дел“.Ако одиграме како што го одигравме второто полувреме. Имаме минус, не искористивме на домашен терен да направиме разлика. Но не се предаваме, и ќе го дадеме максимумот за да одиме понатаму. На полувремето се договоривме да бидеме поконцентрирани и да не правиме толку грешки. Дисциплинирано влеговме во вториот дел и направивме се што можеме да го вратиме резултатот во нормала“, изјави Ѓоргиевска.
Во вторник Македонија ја очекува реваншот против Украина по кој ќе биде познато која репрезентација ќе оди на Светското првенство.