сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Гудмундсон нов тренер на ПИК Сегед?

Гудмундсон нов тренер на ПИК Сегед?

Екипата на ПИК Сегед наскоро треба да го соопшти името на новиот тренер за новата натпреварувачка сезона. Откако во месец ноември, минатата година, раководството на клубоѕ објави дека нема да биде продолжена соработката со актуелниот тренер Хуан Карлос Пастор во изминатиот период континуирано се шпекулира околу неговиот нов наследник.

Според унгарскиот портал ,,Handball Expert”, еден од кандидатите за наследник на Хуан Карлос Пастор е селекторот на машката сениорска репрезентација на Исланд, Гудмундур Гудмундсон.

Искусниот во својата тренерска кариера беше предводник на двата бундеслигаши Рајн Некар и Мелсунген, работеше и во Данска, односно во сегашниот дански шампион ГОГ, додека на репрезентативно ниво беше предводник и на репрезентациите на Данска и Бахреин.