Шпанскиот ракометар Едуардо Гурбиндо, потврди дека си заминува од Вардар 1961 и се сели во Динамо Букурешт, а изјави и дека е разочаран од раководството на скопскиот тим.
Бекот Гурбиндо во минатата сезона играше за Нант, требаше да биде големо засилување за македонскиот првак со кој потпиша тригодишен договор, но наместо тоа, тој сега е пред официјализација на трансферот во Динамо Букурешт.
„Треба да потпишам за раскин на договорот со Вардар, затоа договорот со Динамо не е официјализиран. Во Вардар ми најавија еден проект, но излезе сосема друго. Не наидов на проектот за кој ми зборуваа пред да дојдам“ – вели Гурбиндо кој ќе си замине од Вардар без официјален настап во црвено-црниот дрес.