среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ѓурѓина Јауковиќ повторно ги скина лигаменти!

Ѓурѓина Јауковиќ повторно ги скина лигаменти!

Левиот бек на Црна Гора, Ѓурѓина Јауковиќ, повторно ќе мора да биде долго време надвор од ракометните терени.

Ракометарката на францускиот Брест Бретањ ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото кое веќе го оперираше пред две сезони.

Селекторката Бојана Поповиќ ќе мора да бара нови решенија за левата бековска позиција и за квалификациите за ЕП 2024, а потоа и за Мундијалот.