Поранешниот турски младински репрезентативец Халил Озтурк е нов ракометар на македонскиот прволигаш Металург за новата сезона.
Озтурк игра на позиција среден и лев, бек и со Металург потпиша двегодишна соработка, соопшти денеска клубот од Автокоманда.
Дваесетипетгодишниот Озтурк доаѓа од редовите на актуелниот шампион на Турција, Спорт Тото, и за него Металург е прво интернационално искуство.