вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Хампус Ване заработи повреда

Хампус Ване заработи повреда

Актуелниот европски шампион Барселона соопшти дека репрезентативецот на Шведска, Хампус Ване ќе биде надвор од терените неколку недели.

Искусниот ракометар, кој е еден од најдобрите стрелци во каталонскиот гигант, на еден од тренинзите заработи повреда.

Ване има скинати мускулни влакна , но според лекарските прегледи, неговата пауза нема да трае долг период.

Моментална замена за Ване ќе биде младиот Јан Баруфет, кој ќе биде прекомандуван од вториот тим на Барселона.

18-годишниот ракометар покажува одлични резултати во вториот тим на европскиот шампион, па така раководството на Барселона се одлучи да му даде шанса во тимот на Карлос Ортега.