среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ханс Линдберг стана најдобар стрелец во Бундеслигата

Ханс Линдберг стана најдобар стрелец во Бундеслигата

Данскиот ракометар Ханс Линдберг влезе во историјата и стана најдобар стрелец на германската Бундеслига.

41-годишникот кој настапува за Фуксе Берлин е рекордер со вкупно 2.907 погодоци во досегашната кариера во Германија. Тој успеа да го мине корејскиот ракометар Кјунг Шин Јун, кој со 2.905 погодоци беше на врвот досега.

Линдберг настапува во Бундеслигата 16 сезони. од 2007 година беше дел од Хамбург, додека од 2016 наваму игра за Фуксе Берлин. Неговиот договор со клубот завршува по крајот на следната сезона, а потоа ќе продолжи во ХОЈ Елит.