петок, 29. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Хансен го мина Лазаров, на потег е Кире

Хансен го мина Лазаров, на потег е Кире

Микел Хансен моментно се наоѓа на првото листа на вечната листа на најдобри стрелци во историјата на фајналфор турнирите во Келн, откако со шесте погодоци на полуфиналето со Алборг успеа да го мине Кире Лазаров.

Македонскиот капитен допатува во Келн како најдобар стрелец со 65 гола, Хансен имаше 60, а бекот на ПСЖ со шест гола, сите од пенал, во денешната пресметка со Алборг успеа барем за момент да го мине Лазаров. На потег сепак е нашиот голем ас, кој со почеток во 18 часот на дуелот со Барселона ќе има можност да се врати на врвот на оваа листа на најдобрите на сите времиња.

Многу позначајно за Хансен останува што неговиот тим беше поразен во денешното полуфинале, а данскиот бомбардер повторно остана без титулата европски клупски првак, единствен трофеј што му недостига во фантастичната кариера.