Микел Хансен има проблеми со белите дробови, поради што нема да ја комплетира последната сезона во ПСЖ, пред да си замине во Алборг.
Данскиот ракометар освои многу титули, но не и онаа во Лигата на шампионите. Тоа е една од работите која го прогонува секој ден.
„Тоа што немам титула во Лигата на шампионите секој ден ме прогонува. Поради тоа многу жалам што нема да бидам дел од завршницата на тековната сезона. Во неколку наврати бевме блиску до трофејот.
Добро се сеќавам на финалето против Вардар пред пет години. Минатата година потфрливме против Алборг во полуфиналето и не покажавме потребна дисциплина. Поради тоа и натаму не можам да прифатам дека ќе морам да ја завршам приказната во Париз без овој трофеј“, изјави 34-годишникот.
Во наредните три сезони искусниот Хансен ќе биде дел од амбициозниот проект кој го планира Алборг.