вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Хансен ја доби наградата за најдобар ракометар на светот

Хансен ја доби наградата за најдобар ракометар на светот

Данскиот ракометар Микел Хансен има дијагноза воспалена вена во комбинација со белодробна емболија, шокантна вест која претходно ја објави неговиот клуб ПСЖ.

Еден од најдобрите светски ракометари, кој долги години заслужено го носи епитетот, сега ќе паузира најмалку четири до шест месеци бидејќи болеста ќе се лекува со антикоагуланси кои се „неспоиви со контактни спортови на високо ниво“.

Неколку дена по објавата на ПСЖ за неговата болест, Данецот сега го доби признанието за најдобар ракометар на светот од страна на на ракометниот портал, „Хендбол Планет“. Данецот славеше пред Алеикс Гомез, Дајк Мем и Хампус Ван.

Микел Хансен на Инстаграм напиша дека се уште се чувствува малку шокиран со семејството и призна дека ќе му биде тешко да живее одреден период без ракомет.