четврток, 14. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Хрватот Мараш останува уште две години во македонски клуб

Хрватот Мараш останува уште две години во македонски клуб

Македонскиот претставник во ракометната Лига Европа, Еурофарм Пелистер, ја продолжи соработката со хрватскиот интернационалец Матео Мараш (20) до јуни 2023 година.

-Сакам да му се заблагодарам на клубот. Првите шест месеци минаа многу убаво, беше приспособување, но се чувствувам убаво тука. Играме многу добро, клубот покажува дека е на високо европско ниво, што може да се види низ натпреварите во Лига Европа и натпреварите кои ни претстојат, а на кои сакаме да покажеме кој е нашиот вистински квалитет, изјави денеска Мараш за клупскиот сајт.

Хрватскиот десен бек, кој дојде минатото лето како позајмен играч во Битола, е третиот Хрват, кој ја продолжи соработката со Еурофарм Пелистер, по ракометарот Стипе Мандалиниќ и тренерот Жељко Бабиќ.

-Имаме мала хрватска колонија тука во Битола. Имаме голем број интернационалци и многу добро сме вкомпонирани во тимот. Добро се согласуваме, добра клапа сме и пријатно е да се тренира и да се биде во овој клуб, додаде Мараш.  (МИА)