Новиот ракометар на Вардар, Анте Гаџа се пријави на социјалните мрежи дека е веќе во главниот град на Македонија и е подготвен за стартот на новата сезона.
Гаџа објави фотографија на својот профил на Инстаграм на која се гледа дека е на прошетка по Кејот на Вардар, а ова значи дека е меѓу првите играчи кои веќе пристигнаа во Скопје и се подготвени да се стават на располагање на тренерот Стевче Алушовски за стартот на подготовките.
Гаџа е еден од ракометарите кои доаѓаат летово во клубот и треба да бидат засилување за „црвено-црните“ во новата тешка сезона.