Ракометната репрезентација на Хрватска ќе настапи ослабена на претстојното Светско првенство бидејќи порадиповреда искусното лево крило Иван Чупиќ (36 години) нема да биде на располагање на селекторот Хрвоје Хорват.
Поранешниот играч на Вардар има повреда на коленото, која е пречка да биде во составот.
„Чупиќ е голем борец. Ние бевме подготвени да го чекаме до последен момент. Знаеме колку неговото искуство значи за нашата репрезентација, но лекарскиот тим не даде „зелено светло“ за негов настап на првенството, по дуелот со Италија изјави селекторот Хорват.
Во отсуство на екс вардарецот се очекува на неговата позиција да настапат Филип Главаш и Паоло Краљевиќ.
Хрватите ќе играат во шведскиот град Јончепинг во група со Египет, САД и Мароко.