Хрватската ракометна репрезентација ја совлада Србија со 24:21 .
Иако првото полувреме им припадна на Србите, во второто Хрватите ги земаа работите во свои раце.
Неколку катастрофални грешки во нападот ги чинеа многу Србите. Домагој Дувњак успеа да украде неколку топки, а голманот Шего ја спушти ролетната и со неверојатни 16 одбрани ја откажа репрезентацијата на Србија. Шего на крајот беше прогласен за играч на натпреварот.
Македонската ракометна репрезентација утре ќе игра против репрезентацијата на Австриј, натпревар кој е од клучна важност за нашата репрезентација.