Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) ги објави спортските ваучери за клубовите за претстојната 2021 година и иако се најавуваше дека ракометниот клуб Вардар нема да добие финансиски ваучер, сепак, тоа се случи.
РК Вардар има највисок ваучер од 19 милиони денари, или околу 310.000 евра.
По него кај ракометните клубови следат Еурофарм Пелистер и Металург со ваучер од по 17,5 милиони денари, или 285.000 евра.
Кај фудбалските клубови највисок ваучер доби Шкендија (10,8 милиони денари), па следат Шкупи 10 милиони денари и Ренова 9,5 милиони денари. Актуелниот првак ФК Вардар доби 8,4 милиони денари.
Кај кошаркарите, МЗТ Скопје доби ваучер од 13 милиони денари, еден милион повеќе од ваучерот на Работнички.
Потоа следуваат Гостивар со 8,7 милиони денари, па ФМП со 8,2 милиони денари…
Во одбојката највисок ваучер доби освојувачот на двојната круна ЏИО Струмица 4 милиони денари.
- Целосната листа на ваучери за колективи во 2021 година: