вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Игор Вори потпиша за Фуксе Берлин

Игор Вори потпиша за Фуксе Берлин

Хрватскиот ракометар Игор Вори (41) му се враќа на ракометот откако претходните три години беше пензија. Откако до крајот на сезоната поради повреда отпадна првиот пивот на Фуксе Берлин, Јохан Кох, спортскиот директор и легендарен поранешен играч Стефан Кречмар го убеди Вори да му се врати на ракометот.

-Доколку успее да слета денес, веднаш ќе му се приклучи на тимот, изјави Кречмар.

Вори е еден од најтрофејните ракометари во светот, а со хрватската репрезентација освои се освен европско злато. Кариерата ја започна во Загреб, потоа играше во Италија кај Лино Червар за Конверсано, пред да се врати во Загреб во 2003 година, а од 2005 година беше член на Барселона, потоа се врати во Загреб, па играше во ХСВ, за ПСЖ три години, од каде се врати дома каде што се пензионираше се до повикот од Фуксе Берлин.

Во моментов е директор на хрватската ракометна репрезентација, а од јуни до октомври 2020 година беше тренер на ППД Загреб.