петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Инцидент во Велес – нападнат судија и прекинат натпревар од кадетската лига (ВИДЕО)

Инцидент во Велес – нападнат судија и прекинат натпревар од кадетската лига (ВИДЕО)

Се почесто за време на натпреварите во младите категории гледаме различни инциденти. Овој пат истиот доаѓа од Велес, каде дуелот меѓу Борец и КЛ7 Свети Николе не го дочека својот крај.

Дуелот беше прекинат по 36. минути игра, кога тренерот на гостинскиот состав избувна по една судиска одлука.

Едниот од арбитрите му додели црвен картон за ваквиот потег, наместо да се смири и да ја прифати одлуката тој се вртча на теренот да се пресмета со официјалното лице.

Го оттурна судијата, кој се повлече, а потоа втрчаа играчите и го спречија својот тренер да направи уште полошо дело, кое како и овој случај ќе го чини многу.

Судии на оваа средба беа Божидар Јованов и Пепи Димков, додека делегат пак беше Тодор Јосмов.