петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Интервју на Борко Ристовски: Никогаш не го отпишувајте Вардар

Интервју на Борко Ристовски: Никогаш не го отпишувајте Вардар

По години поминати на терен исполнети со клупски и репрезентативни радости, успеси па и тагувања, и многу испотени дресови, спортска кариера на Борко Ристовски продолжува повторно во ракометот, но во функција на Извршен директор во Вардар. Во намерата да се направи успешно стабилизирање, и играчки и финансиски, Ристовски e една од македонските легенди кои решија да помогнат во продолжување на патот на најуспешниот ракометен спортски бренд во Македонија.

Емотивен, исто како играч, Ристовски и сега ги „преживува“ сите секунди од теренот, но на столчињата на трибините. Два месеци како Извршен директор е можеби малку, но доволно време да се запознае со работите за кои досега не се грижел како играч.

-Различно е многу, обврските се поголеми, но кога нешто се сака, ништо не е тешко. Свесно влегов во ова, и ја сакам оваа работа. Сите овие големи обврски и предизвици што се надвиснати над Вардар само ми се мотивација да покажам дека можеме и во Македонија да создаваме добра и успешна спортска приказна. И сите компании кои се општествено одговорни да се почувствуваат дека имаат каде да вложат со цел да му се помогне на спортот, а и самите тие да бидат видени на најсоодветен начин, вели Борко Ристовски.

За добра спортска приказна, за нормално функционирање потребни се пријатели, поддржувачи, спонзори кои ќе ве следат во растењето и постигнувањето на спортските резултаи. Сезонава, покрај оние традиционални спонзори што и претходните сезони му помагаа на клубот, сега и повеќе други компании решија да го поддржат Вардар и да бидат дел од тимот кој прави големи чекори кон враќањето меѓу најдобрите, и продолжување на востановената традиција – Вардар да биде секогаш во врвот.

-Секако дека сум многу среќен што за вака кратко време успеавме да привлечеме нови спонзори, и да им покажеме и на оние што размислуваат дека треба што побрзо да се приклучат на нашето семејство. Во исполнувањето на нашите цели голем удел имаат финансиите. Затоа сметам дека треба поразлично да функционира Законот за спорт, да им овозможи на компаниите да се ослободат од сегашната стега и да можат повеќе пари да вложуваат во спорт, култура… Сите што ќе сакаат да вложат да бидат и пропорционално ослободени од даноците, како соодност за тоа што ќе го вложат. Така ќе се подгигне општествената одговорноста кај сите компании. А има многу компании кои сакаат да вложуваат во спортот. Треба нов Закон за спорт кој би бил поприфатлив за сите, поголема контрола и поттикнување да се вложува во спортот“

Летово беше период на реорганизација во клубот. Се искористи периодот за поставување на нови цели, на зајакнување на организационалата, играчката и финасиската стабилност на Вардар. Се покажа дека со добра кадровска политика може да се направи конкурентен тим, кој нема многу да чини, а пак ќе остварува добри резултати, и ќе се работи на остварување на поставените цели.

-Целта годинава е фокусирана на два сегменти, финансика стабилизација и косолидација, а во исто време, резултатски и играчки да се следи таа финансика конструкција. Да бидат трошоците на минимум, и да имаме успешна трансформација. Досега добро одиме и чекориме. Двата трофеи, во Струга и Супер купот се одраз на тоа. За некои „неважен“, но за нас Струга е показател и навестување како ќе се случуваат работите сезонава. Ни покажа како треба да работиме понатаму. И освојувањето на Супер купот ни даде до значење дека ќе бидеме конкурентни сезонава, но, ни даде и нас како раководство задача да го исполниме нашиот дел, да бидеме финасиски стабилен клуб и да ги следиме резултаите што ги постигнуваат играчите. Направивме добра селекција со помош на стручниот штаб, на Недановски, Стоилов и Рогановиќ. Ние сме сервис на игралите, и правиме се тие да немаат притисок, туку тој да е кај нас. Со овие почетни резултати играчите ни дадоа на знаење дека треба да ги следиме. И ние сме подготвени на тоа, вели Ристовски.

Целото интервју на Ристовски прочитајте го ТУКА