Македонскиот ракометен шампион Вардар два пати во серија беше поразен од унгарскиот ПИК Сегед, но овојпат само со еден гол разлика, 34-33.
Еден од најдобрите натпревари оваа сезона ги одигра хрватскиот репрезентативец Иван Чупиќ, а тоа не остана незабележано од ЕХФ.
Хрватот не играше на својата позиција десно крило, затоа што играше на десната бековска позиција Постигна девет гола, а подели и асистенции за соиграчите, па поради тој факт ЕХФ го смести во идеалниот тим.