петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Иван Марковски на кормилото на Мулти Есенс

Иван Марковски на кормилото на Мулти Есенс

Ракометниот клуб Мулти Есенс, го назначи познатото име Иван Марковски за нов тренер. Марковски е поранешен македонски репрезентативец со големо искуство, настапувајќи за повеќе домашни и странски екипи.

Исто така има и тренерска кариера водејќи екипи од Франција, Кина и Катар, а беше тренер и во Металург и Работник.

РК Мулти Есенс објави дека помошник на Марковски ќе му биде Миле Бочкаровски.