Македонската ракометна легенда Иван Марковски е нов тренер на РК Металург. „Металурзите“ беа во потрага по нов тренер уште по разделбата од Оливер Димитриоски, се преговараше со неколку тренери, за на крајот да биде постигнат договор со Марковски.
Станува збор за тренер кој заедно со Александар Зарков го почнаа проектот Работник, а потоа се пресели во Франција каде ја водеше сосема успешно женската екипа Авенсоа.
Со Французите се раздели кога тие почнаа да ги менуваат договорените услови и се врати во Македонија каде досега беше без тренерски ангажман.
Металург во првите две кола од плејофот има еден пораз (од Пролет) и едно реми (со Струга).