ЕХФ о објави Ол- стар тимот на годинешниот континентален собир на најдобрите ракометари.
Тимот го предводи играчот кој беше избран за МВП на турнирот кој се одржа во Унгарија и Словачка, Џим Готфридсон од Шведска.
Ракометарот на оваа репрезнтација заслужено ја доби наградата за најкорисен играч на Европското првенство откако со 33 гола и 47 асистенции.
Ова е второ МВП признание за Готфридсон откако во 2018 година го освои своето прво вакво признание.
Тој е само третиот играч кој успеал да се закити со две вакви признанија по Ивано Балиќ кој тоа го сторил во 2004 и 2006 и Никола Карабатиќ на кого тоа му успеа во 2008 и 2014 година.
Соиграчот на Годфридсон, Оскар Бергендал е избран за најдобар дефанзивец на првенството, а за најдобар голман признанието замина во рацете на Виктор Халгримсон од Исланд.
Данска е застапена со двајца ракометари во најдобриот тим и тоа левиот бек Микел Хансен и Матијас Гидсел како десен бек.
Најдобриот играч на Холандија, Лук Стеинс исто така се најде меѓу најдобрите, а место имаше и за Милош Вујовиќ од Црна Гора, Јоханес Гола од Германија и Алеикс Гомез од Шпанија.