Томислав јагуриновски одново беше првата опција на десната бековска позиција во ракометната репрезентација
Членот на Тор Акурејри по ремито од 24-24 жали за пропуштената шанса за победа и истакна дека домаќинот ги искористи сите наши грешки во финишот од натпреварот.
„Знаевме од каде доаѓа нивната најголема опасност, доста напаѓаа еден на еден, но бевме подготвени за тоа. Задоволни сме од резултатот, мислам дека ги завршивме задачите кои што ни ги зададе селекторот. Нè чека уште еден натпревар, на кој мора да победиме доколку сакаме пласман на Светско првенство. Одбраната добро функционираше, но во нападот направивме многу грешки и промашивме доста зицери. Но, тоа ќе го поправиме во реваншот. Чешка ги искористи нашите грешки и резултатски се врати“, вели десниот бек