И покрај поразот, Вардар 1961 е лидер во групата Б на СЕХА лигата со шест бода, пред Партизан и Татран Прешов кои имаат по три. Сепак, скопскиот тим ги заврши своите натпревари, а Словаците и Србите требаат да играат двапати меѓусебе.
„Ова не беше одличен натпревар, одлична атмосфера. Попладнево Партизан беше подобар од нас, ние не бевме на тоа ниво на кое треба да бидеме. Му честитам на противникот за триумфот“, рече Томислав Јагуриновски по натпреварот.