петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Јакобсен: Непотребно го направивме возбудлив натпреварот

Јакобсен: Непотребно го направивме возбудлив натпреварот

Ракометната репрезентација на Данска ќе игра ново финале на Светските првенства откако во првото полуфинале ја победи Шпанија со 26:23. Данците водеа во текот на целиот натпревар, а во 43.минута имаа водство и од + 5 (20:15), но му дозволија на противникот со серија голови да го однесе натпреварот во неизвесна завршница.

Второто полувреме беше тешко. Мислам непотребно го направивме возбудливо. Ние го контролиравме натпреварот. Секако имаме голман од светска класа. Фантастично е третпат по ред да се игра финале. Кога играте полуфинале, секогаш постои страв дека нешто може да се случи и тимот да си одам со „празни раце“. Целиот фокус ќе биде во недела и дома да си заминеме со злато, изјави селекторот на Данска Николај Јакобсен за данските медиуми.