недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Јаник Колбахер уште две години во РНЛ

Јаник Колбахер уште две години во РНЛ

Германскиот ракометен репрезентативец Јаник Колбахер, го продолжи договорот со германскиот тим и можен противник на Вардар 1961 во квалификациите на Европската лига.

28-годишниот сеопфатен кружен напаѓач, кој е и долгогодишен германски репрезентативец, потпиша нов двегодишен договор до летото 2026 година со „лавовите“, чиј член е од 2018 година.

.Во последната сезона Рајн Некар Левен се доближи на нивото што го имаше до пред неколку сезони со пласманот меѓу петте најдобри екипи.