Македонската ракометна репрезентативка, Јована Саздовска договори нов ангажман во Романија.
Таа досега ги бранеше боите на Дунареа Браила, а во иднина ќе биде дел од Слатина каде ќе игра со нејзината колешка од националниот тим Јована Мицевска.
Саздовска е искусен играч кој во досегашната кариера освен во Македонија каде беше дел од Вардар и Металург, настапуваше за уште еден клуб во Романија, но и за Турингер од Германика.