петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Јованка Радичевиќ останува во Крим

Јованка Радичевиќ останува во Крим

Црногорската ракометарка Јованка Радичевиќ и во следната сезона ќе биде дел од словенечкиот шампион Крим Меркатор, кој минатиот викенд избори осминафинале во Лигата на шампионите.

Искусната Радичевиќ во редовите на Крим пристигна на почетокот на оваа сезона од Кастамону. Црногорката по Европското првенство 2022 ја заврши репрезентативната кариера и одлучи да се посвети само на клупските настапи.