По победата над Алкаалоид Александар Јовиќ ги анализира шеесетте минути во Автокоманда. Тој го пофали ривалот и неговите млади ракометари, па се осврна и на својот колектив.
„Мислам дека овој натпревар ќе им биде од голема корист на двете екипи. Знаеме дека Алкалоид има млади играчи, но и кај нас попладнево настапија неколку млади ракометари за кои искуството од ваков неизвесен натпревар ќе биде драгоцено за во иднина.Знаевме дека Алкалоид е одличен проект, самата победа против Вардар 1961 е јасен доказ за нивниот квалитет. Им посакувам да продолжат вака и понатаму. Знаевме дека нè чека тежок натпревар, добро се подготвивме и мислам дека заслужено победивме“, изјави тренерот на пелистерци.
Со оваа победа Еурофарм Пелистер одржа чекор и со Вардар 1961 во директна битка на седми мај ќе се бори за титулата во Суперлигата.