Александар Јовиќ со триумф над Нексе ја почна својата „мисија“ на клупата на Еурофарм Пелистер. Неговиот тим во Битола славеше со четири разлика, со што го обезбеди второто место на табелата.
Јовиќ по мечот истакна дека е задоволен од одличната победа и задоволство од добриот старт во неговото ново поглавје.
„Одлична победа и добар старт на моето ново поглавје во кариерата. Одигравме добар натпревар против тим предводен од еден од најдобрите тренери во лигата Тамше. Во првиот дел не одигравме претерано добра одбрана, но со одлична енергија и емоција направивме разлика. Нашите голмани одбранија многу топки од кои четири пенали, а тоа ни даде одлична поддршка да победиме и да го обезбедиме второто место“, кажа Јовиќ.