Кадетската ракометна репрезентација на Македонија забележа уште една голема победа на СП.
Откако беше јасно дека немаме шанси за пласман во четвртфиналето, ни требаше најмалку победа над Австрија за трето место во групата..
Во доминантен натпревар, во кој имавме водство уште од првата минута, на крај славевме со сигурни 29-22 (14-8) и во наредните денови ја продолжуваме битката за пласман од деветтото до дванаесеттото место.
Ненад Белистојановски остана на шесте гола од првото полувреме, колку што постигна и Мирче Калајџиески. Стружанецот по натпреварот беше прогласен за најкорисен играч (МВП).