среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Кадетите ја преслушаа Австрија на СП!

Кадетите ја преслушаа Австрија на СП!
North Macedonia vs Georgia, 2023 IHF MEN’S JUNIOR (U19) WORLD CHAMPIONSHIP, Rijeka, Croatia, 05.08.2023, Mandatory Credit © IHF / HRS / kolektiff

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија забележа уште една голема победа на СП.

Откако беше јасно дека немаме шанси за пласман во четвртфиналето, ни требаше најмалку победа над Австрија за трето место во групата..

Во доминантен натпревар, во кој имавме водство уште од првата минута, на крај славевме со сигурни 29-22 (14-8)  и во наредните денови ја продолжуваме битката за пласман од деветтото до дванаесеттото место.

Ненад Белистојановски остана на шесте гола од првото полувреме, колку што постигна и Мирче Калајџиески. Стружанецот по натпреварот беше прогласен за најкорисен играч (МВП).