четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Кадетите ќе играат против Хрватска, селекторот Стојановиќ го објави списокот (ФОТО)

Кадетите ќе играат против Хрватска, селекторот Стојановиќ го објави списокот (ФОТО)

Стручниот штаб и селекторот на кадетската машка ракометна репрезентација, Раде Стојановиќ го објавувија списокот на повикани ракометари за собирот во претсојната ЕХФ недела.

Во рамки на ЕХФ неделата кадетската репрезентација на Македонија ќе оддигра два контролни натпревари против репрезентацијата на Хрватска.

Натпреварите се предвидени да се одиграат на 27.04 (четврток) во 18:00 часот, и на 28.04 (петок) во 18:00 часот во Прелог, Хрватска.