четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Кадетите на Мулти Есенс шампиони на Македонија без пораз

Кадетите на Мулти Есенс шампиони на Македонија без пораз

Кадетската екипа на Мулти Есенс е нов првак на Македонија во ракомет. Во финалето на завршниот турнир што се одржа во „Автокоманда“, тимот на Мулти Есенс ја совлада екипата на Струга со 31-29 и го подигна победничкиот пехар.

Претходно во полуфиналето, кадетите на тренерот Котески го совладаа и тимот на ЗРК Голден Арт со 33-24.

Во првенството Мулти Есенс забележа победа на сите осумнаесет одиграни натпревари, а потоа во четвртфиналето го елиминира и тимот на ГРК Охрид.

Вкупниот скор од 21 победа на 21 одигран натпревар сезонава е сатисфакција за проектот и потврда за чекорење по вистинскиот пат.

Третото место му припадна на Еурофарм Пелистер, кој го малото финале беше подобар ос ЗРК Голден Арт.

Христијан Гурмешевиќ беше прогласен за најкорисен играч.