Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) го усвои на денешната седница предлогот на претседателот Живко Мукаетов за доделување парична награда во износ од 700.000 денари за членовите и стручниот штаб на кадетската репрезентација за освоеното прво место на ЕХФ шампионатот во Рига.
Со триумфот на завршниот турнир во Рига македонската ракометната кадетска репрезентација, воедно, обезбеди директен настап на Светското првенство 2023 и Европското првенство 2024 година.
Управниот одбор го усвои и предлогот истакнатиот ракометен работник Драган Начевски да биде предложен за добитник на државната награда „8 Септември‘ за животно дело и исклучителен придонес во спортот.