Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години загуби во финалето на ЕХФ шампионатот во Скопје, откако во финалето беше совладана од Полска со 35-33.
Полјаците упсеаја да ни се реваншираат за поразот во групната фаза со кој нашата репрезентација обезбеди пласман во полуфиналето.
Првото полувреме помина во израмнета игра на двете страни, а на пауза се замина со нерешен резултат 17-17.
Полјаците беа посконцетрирани и имаа повеќе сила во вториот дел во кој успеаја да го срушат нашиот отпор и да стигнат до трофејот на шампионатот.
Полска покрај титулата обезбеди пласман и на следното Европско првенство во оваа старосна категорија.
foto: gol.mk