вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Кадетите заверија финале во Рига

Кадетите заверија финале во Рига

Македонската кадетска ракометна репрезентација обезбеди место во финалето на ЕХФ шампионатот кој се игра во Рига. Нашите момци ја запишаа четвртата победа во низа i го совладаа тимот на Луксембург со убедливи 22-32.

Славчо Шулески беше прогласен за играч на мечот од таборот на „црвено-жолтите“, мечот го заврши 10 гола, зад него беше Петковски со седум погодоци.

Противник на нашите момци во финалето ќе биде подобриот од мечот меѓу Швајцарија и Летонија, кој се игра во 17 часот.