среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Каков крај во дресот на Вардар: Карачиќ со МВП признание и пехар си оди од Скопје

Каков крај во дресот на Вардар: Карачиќ со МВП признание и пехар си оди од Скопје

Игор Карачиќ ја понесе МВП титулата на фајнл-фор завршницата во ЛШ.

Хрватскиот ракометар ги оствари сите соништа во дресот на македонскиот првак, двапати го подигна пехарот и на ова издание на Ф4 беше прогласен за најкорисен ракометар.

Во финалето, црвено-црните го совладаа Веспрем со 27-24.

Вардар водеше во поголемиот тек од натпреварот, на полувреме замина со +5 разлика. Проблемите дојдоа во второто полувреме, кога Веспрем успеа да дојде на гол негатива во неколку наврати. Во последните десетина минути сепак избраниците на Парондо ја смирија топката и покажаа сигурна игра, по што ја вратија предноста од три гола предност, која ја задржаа до самиот крај.

Најефикасeн поединец во вардаровиот тим беше Мораеш со шест гола, а кај Веспрем се истакнаа Мае со шест и Тонесен со четири погодици.