среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Карачиќ не мрда никаде и ќе остане уште три години во Киелце!

Карачиќ не мрда никаде и ќе остане уште три години во Киелце!

Игор Карачиќ стави потпис на нов договор и ќе остане уште долго време во редовите на Киелце.

Хрватскиот ветеран ќе ги брани боите на полскиот гигант до 2025 година. Поранешниот член на Вардар се надева на нов европски успех, по двата во Скопје.

„Мојата сопруга и јас се чувствуваме одлично тука и имаме сè што ни треба. Клубот е на највисоко можно ниво и нашите амбиции растат секој ден. Во овој проект веќе е многу вложено и се надевам дека ние – играчите предводени од нашиот тренер – ќе ја реализираме оваа инвестиција. Верувам дека нема да останеме без успеси и дека ќе ги израдуваме и нашите навивачи, а морам да ги поздравам за она што го прават за нас“ , изјави Карачиќ.

Средниот бек пристигна во Киелце пред две сезони. Претходно седум години го носеше дресот на македонскиот гигант.