понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Карачиќ низ солзи за крајот на Вардар: Ова е неговата порака до сите

Карачиќ низ солзи за крајот на Вардар: Ова е неговата порака до сите

Целта на Вардар е пласман на Фајнлфор, рече еден од најдобрите ракометари на Вардар, Игор Карачиќ, по победата над ПИК Сегед вечерва во Скопје.

Сепак, не можеше да ги сокрие солзите, па ја повика спортската јавност во Македонија да ги запамети момците кои го оставаа срцето за Вардар.

-Сите знаат што се случува во Вардар. Тешко е, и покрај сите тешки моменти во клубот оставаме срце за Вардар. Жално е што се збогуваме со скопската публика и затоа кај многу наши ракометари имаше солзи по мечот. Нека овие момци, на чело со капитенот Стоилов, засекогаш останат запишани со златни букви во историјата на македонскиот ракомет. Му благодарам и на тренерот Парондо, кој на одличен начин не мотивира и води до овие успеси, а им благодарам и на колегите од ПИК Сегед кои иако знаат што се случува со нашиот клуб, пред мечот воопшто немаше од нивна страна никакви провокативни изјави, рече Карачиќ.