Кавадарци и спортската сала „Јасмин“ се фаворити за организација на завршниот турнир на Купот на Македонија, кој ќе се одржи на 14 и 15 мај.
По ланската завршница во Автокоманда, Ракометната федерација на Македонија годинава го избра Кавадарци, град во кој порасна интересот за ракометот, по одличните две сезони на Тиквеш во Суперлигата.
Полуфиналисти во машка конкуренција се Вардар 1961, Еурфарм Пелистер , Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје, а кај жени за трофејот ќе се борат ЖРК Куманово, ЖРК Чаир. Ѓорче Петров и ЖРК Металург. Титулите од минатата сезона ги бранат Вардар 1961 и ЖРК Куманово.
Двојките од полуфиналето ќе бидат познати со ждрепка која ќе биде извршена за неколку недели.
Со сигурност спортската сала „Јасмин“ ќе биде исполнета за Куп-завршницата, која треба да понуди многу возбудувања и добар ракомет.