Иако се чинеше дека нема да има проблеми со составување на тимот за крајот на квалификациите за Европското првенство, селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров се соочува со непредвидени корекции во тимот.
Кружниот напаѓач на Алкалоид и националниот тим, Марко Стојковиќ влече повреда заради која денес мораше да го откаже настапот за дуелите со Луксембург и Турција.
Со оглед на откажувањето на Костадин Петров, заради повреда на натпреварот против Охрид, извесно беше дека Лазров ќе повика ново име
Жарко Пешевски, Никола Маркоски и Михаил Аларов остануваат добра опција на кружен напаѓач, а дополнителен повик доби дефанзивецот на Алкалоид, Едвин Омерагиќ. Македонија во квалификациите гостува во Луксембург на 26 април, а потоа ќе ја дочека Турција на 30 април во Скопје.