Сташ Скубе и во следната сезона ќе го носи дресот на Вардар откако Кјелце повторно се откажа од намерата да го доведе Словенецот во своите редови, пишува екипа.мк.
Сопственикот Бертус Сервас во текот на вчерашниот ден објави дека повторно почнал разговори со Скубе, но денеска тој самиот објави дека клубот донел дефинитивна одлука – да не го ангажира бекот на Вардар.
Ова е одлична вест за „црвено-црните“, со оглед на фактот дека Скубе експресно се наметна како еден од лидерите на Вардар во оваа фантастична сезона во Лигата на шампионите.