На Светското првенство во Германија и во Данска во репрезентацијата на Македонија се најде и капитенот на кадетската репрезентација, Мартин Серафимов за кого ова е прво ваков вид, но и шанса да стегне огромно искуство кое ќе му биде од голема корист за Мундијалот кој во август ќе се одржи во Македоија.
Мартин Серафимов на 3 март ќе наполни 19 години, а тоа е една година и два месеци помалку од дебито на Кирил Лазаров на Светските првенства во сениорска конкуренција. Лазаров својот прв меч на Мундијалите го одигра на почетокот на јуни во 1999 година, а тоа беше девет месеци пред Серафимов да се роди.
Затоа овој двоец на десната бековска позиција кој ќе биде на теренот на натпреварите од Светското првенство станува максимално интересен. Серафимов е еден од играчите од кои се очекува да го наследат Лазаров, а тој покажува лидерски квалитети така што е сосема извесно дека може во следните години да се најде како еден од ракометарите кои ќе ја носат играта на Македонија.
Она што сега може да радува е дека Кире Лазаров (38 години) и Мартин Серафимов (18 години) претставуваат тандем со најголема разлика во години на овој шампионат. Воедно Серафимов може да учи од Лазаров и да напредува, а од тоа ќе има голема корист и тој и репрезентацијата.